Потсмевањето со сопствениците на iPhone 5 е се повеќе од сигурно. Кога излегуваат од продавниците на Apple со нови уреди во раце, некои од нив ќе бидат пречекувани со иронично прашање дали можат да го најдат патот до дома со помош на навигацијата. Бидејќи се покажа дека услугата полна со багови е првиот голем гаф и истовремено сериозен тест за новиот извршен директор Тим Кук.
И ако досега непречената интеракција на хардверот и софтверот беше во основата на репутацијата на производите од Apple, тогаш катастрофата со мапите е добар пример колку лесно тоа може да се сруши.Испорачателот на софтверот за мапи побрза да се дистанцира. Tomtom објави дека ќе им помогне на Apple да се отстранат грешкиите и застана зад квалитетот на своите мапи. Но постои преголем ризик партнерството со Apple, кое првично беше одличен PR успех, да се сврти против испорачателот на мапите.
Мапгејт е втора голема грешка во стартувањето на производ на компанијата по т.н. Антенагејт кај iPhone 4. Металната нишка околу куќиштето на iPhone 4 треба да ја исполнува функцијата на антена и на тој начин да обезбеди посилен сигнал, а специјален софтвер треба да го избира моментално најслабо оптеретениот мобилен канал.
За првпат проблемот беше идентификуван на интернет страницата за фанови на Apple, MacRumors. Сопственици на iPhone 4 кажуваа дека допирањето на металната нишка на различни места, предизвикува проблеми во врската. Концернот се извини на своите корисници, но тогаш во преден план беше Стив Џобс. Па сега ова навистина изгледа дека е првиот вистински тест за наследникот Тим Кук.
Гафот со навигацијата е доста сериозен, особено ако се земе во предвид дека тоа е основна апликација за секој паметен телефон, на што се надева и секој корисник, а ваквите големи неточности го обезвреднуваат целиот уред.
Пронајдете не на следниве мрежи: