Компанијата бара од Конгресот на САД повеќе H1B визи и зелени карти за хај-тек специјалисти. Недостатокот на високо квалификувани професионалци за хај-тек индустријата достигнува големина на вистинска криза, смета извршниот потпретседател на Microsoft Бред Смит.
На прес-конференција оваа недела компанијата ја објави својата намера да го искористи своето политичко лоби за пополнување на илјадниците слободни места со странски специјалисти. Ова може да се постигне преку зголемување на бројот на визи кои ги издава САД за квалификувани кадри, соопшти thehill.com.
Мicrosoft инсистира владата да инвестира во образованието, за да бидат обучени кадри во САД во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM). Освен тоа, Microsoft сака да бидат издадени дополнителни 20 000 H1B визи на високо квалификувани професионалци, како и прераспределба на уште 20 000 од слободните зелени карти за хај-тек имигранти.
Се предлага компаниите да плаќаат по 10 000 долари за вработен специјалист со H1B визи и по 15 000 долари за оние со зелена карта. Дури и малите комапнии би ги платиле овие суми за да вработуваат квалификувани странски специјалисти, тврди Бред Смит. Самиот Microsoft не го дели плаќањето на вработените според нивната националност, уверува менаџерот.
Microsoft стравува дека работните места ќе почнат да мигрираат кон други земји во кои обуката на хај-тек специјалисти е со повисок приоритет отколку во САД, додава Смит. Софтверскиот гигант од Редмонд објавил 3400 слободни позиции за истражувачи, програмери и инженери, што е раст од 34% во однос на минатата година. Компанијата се надева дека конгресот ќе ги разгледа соодветниот предлог закон следната година.
Пронајдете не на следниве мрежи: