Хрватски фудбалер во животна опасност по сообраќајка

 

Борис Вукчевиќ, фудбалер на Хофенхајм и потенцијален хрватски репрезентативец, во петокот тешко настрада во сообраќајна незгода, јавија хрватските медиуми.

„Кардиоваскуларниот систем на Борис е стабилен, но се уште е во критична состојба. Се уште се наоѓа во вештачка кома”, вели тренерот Милер.

 

„Во договор со неговите родители одлучивме да го одиграме натпреварот против Аугсбург. Ќе играме под мотото `играме и се бориме за Борис`”, додава Милер.

 

Поддршка за настраданиот Вукчевиќ пристига и од Келн.

 

Германските медиуми јавуваат дека тој е успешно опериран.

 

Полицијата се уште не ја потврдила причината за несреќата, но Bild пишува дека Вукчевиќ заспал на воланот, затоа што заборавил да земе инсулин

 

Вукчевиќ боледува од дијабетес која може да доведе до несвестица, вртоглавица, умор, проблеми со концентрацијата, што наводно и му се случило на Вукчевиќ.

 

Тој на автопатот кај Баментал преминал во спротивната лента и се забил во камион. Возачот на камионот е полесно повреден, додека Вукчевиќ со повреди опасни по живот е пренесен во болница.

 

Според очевидците, пожарникари морале да го сечат автомобилот за да го извлечат фудбалерот.

 

Вукчевиќ во Хофенхајм замина од јуниорската екипа на Штудгарт, во 2008 година.

 

Сезонава ги одигра сите пет натпревари во Бундеслигата и постигна еден гол.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: