Џеј Ло ги истакна славните облини

По престижните доделувања на наградите Billboard кои се одржаа во неделата, на кои Џеј Ло се појави во бордо комбинација, популарната пејачка ги воодушевила присутните во секси бел аутфит.
Џеј Ло на забавата во Лас Вегас по повод својот нов сингл “Dinero” кој го претставила на доделувањето, ги покажала своите затегнати нозе и цврстото тело кое изгледа подобро од некогаш.
Лопез носела комбинезон во комбинација со проѕирни панталони и длабоко деколтирана лелеава блуза која ги оцртувала нејзините гради.
Пејачката ја надополнила комбинацијата со опуштена фризура која одлично ѝ прилегала.
Во каква и комбинација да се појави Џеј Ло, невозможно е таа да не биде во прв план.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.