Утре со почеток од 19 часот на Националната Арена Филип Втори се игра големото дерби во Македонскиот фудбал, дуелот помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, како што најавуваат и од двете навивачки групи, на „Филип Втори“ едноставно „ЌЕ ГРМИ“ на трибините.
Комитите најавуваат навивање до максимум за својот омилен тим, најавуваат голем навивачки спектакл на утрешниот меч, од друга страна, Битолчани, според она што го дознаваме, најавуваат навивачки караван кој ќе пристигне во Скопје за овој дуел, според информациите, популарните „Чкембари“ со воз ќе тргнат од Битола од 13 часот, и како што се најавува, се очекува бројка од околу 500/600 навивачи од Битола.
Пронајдете не на следниве мрежи: