Блендерот е одличен сојузник во припрема на здравата храна и оброците. Сепак, постојат намирници кои не треба да се употребуваат за припрема на смути и блендирање.
Со блендирањето ќе ја промените нивната структура, а тоа може да влијае и врз вашето здравје.
Зелен зеленчукМиксирањето и блендирањето има многу здравствени придобивки, но избегнувајте да го припремате лиснатиот зелен зеленчук кој е богат со влакна на овој начин.
“Силата на блендерот ќе ги уништи хранливите компоненти на спанаќот, а на некои ваквите намирници им го отежнуваат варењето. Најдобро е да го ставите спанаќот или блитвата во замрзнувач на пет минути, а потоа да го изблендирате. Со тоа ќе ја задржите нивната боја и нутритивна вредност”, вели готвачот Андре Сикингер за “Readers Digest”.
Брокули
Уште една многу здрава намирница богата со влакна која може да биде уништена во текот на блендирањето.
Јаткастите плодови, кафето во зрна, замрзнатото овошје – не е добра идеја да ги блендирате.Ќе добиете кашеста маса која не е најдобра за консумирање.
Попаметно е да ги сомелете или претходно да ги изблендирате овие намирници и потоа да ги додадете во своето смути.