Како светлото влијае на изгледот на вашиот целулит на социјалните мрежи? – Погледнете

Loading...

Тесија Клајн, фитнес блогерка и Инстаграм ѕвезда открила како светлото влијае на изгледот на вашиот целулит на социјалните мрежи.
Иако не е тајна дека познатите дами користат разни филтери, Клајн вели дека некогаш и обичната поза може драстично да ги промени работите.


Иако фотографијата во ниту една поза не е премногу ласкава, таа за кратко време добила бројни коментари за поддршка од своите 95 илјади следбеници.


“Моите нозе и повторно моите нозе” – фотографијата покажала дека 27-годишната студентка од Алабама нема проблем да го прикаже своето тело во вистинско и реално издание.
Тесија за “Cosmopolitan UK” изјавила дека почувствувала потреба да ја сподели оваа фотографија бидејќи знае дека има многу обесхрабрени жени на светот кои не се сакаат себеси и не ја поддржуваат идејата на покажување на несовршените тела.
“Дури 90 отсто од возрасните жени го имаат овој проблем. Не гледам на тоа како нешто страшно”, вели таа, објаснувајќи дека фотографијата е често поинаква од реалноста.


За да го “испеглате” целулитот на фотографиите, важно е централниот дел на нозете да биде што повеќе осветлен, како и да се фотографирате од горе и никако во седечка положба, порачува Клајн.

loading...