Проблемот со името ќе се реши, кога ќе оценам дека ова решение ќе им служи на националните интереси на Грција

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија во интервју за грчката телевизија „Скај” Киријакос Мицотакис вели дека решението на спорот за името треба да се реши тогаш кога тоа ќе им служи на националните интереси и мора да биде според грчките услови.Дваесет години живееме со овој проблем, со ова нерешено прашање, според тоа можеме да живееме уште 2-3 години. Доколку јас имам политичка одговорност, проблемот ќе се реши, кога ќе оценам дека ова решение ќе им служи на националните интереси, вели Мицотакис и додава дека неговата партија никогаш не рекла дека не сака решение, но потребно е тоа да биде согласно со грчките услови, пренесува МИА.Лидерот на Нова Демократија, објасни дека националната рамка за решение што ја поставуваат тие, не се фокусира само на прашањето со името, туку како неопходен услов ги поставува „уставната ревизија и елиминација на иредентизмот за да може да постои комплетен пакет договор”. Мицотакис во интервјуто објаснува дека само доколку има конкретни информации за евентуален предлог и договор, тогаш јавно ќе коментира.

Решението треба да е комплетно решение што ќе ја има уставната ревизија како неопходен услов за да одиме напред кон следната фаза, не само затоа што Уставот ни обезбедува дека на овој начин ќе постои цврста политичка обврска, туку ќе значи дека се создадени такви внатрешни политички рамнотежи во Скопје, со што и нашите соседи ќе сфаќаат дека треба да се најде решение на овој конкретен начин. Само доколку имам конкретни информации и конкретно известување, тогаш ќе можам да излезам со став, како што изразив став кога премиерот ми се јави на телефон и ми го потврди она што веќе беше објавено, дека разговара за името Република Илинденска Македонија, рече претседателот на Нова демократија и додава дека е јасно дека „владата разговараше за конкретното име”, за кое вели дека е „ерга омнес на иредентизмот”.Тоа е најлошото можно име. Тоа е ерга омнес на иредентизмот.

Го гледаме сирењето, а не ја гледаме стапицата, бидејќи името сугерира на иредентистичките визии на соседната земја, коментира Мицотакис.Во однос на јавното мислење во Грција и ставот на голем дел од Грците дека во името не треба да биде вклучен терминот Македонија, лидерот на најголемата грчка опозициска партија вели дека не може да се игнорира фактот што дел од јавноста „ова прашање го гледа со голем степен на чувствителност”, но и тоа дека Грците, кои по осум години криза се „чувствуваат дека се подложни на низа економски порази, не се во можност, како што самите тие го сфаќаат тоа, да бидат подложени на нешто што самите го гледаат како национална отстапка”.

Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај” вели дека никогаш не бил подложен на притисоци во однос на прашањето за името и потенцира дека неговата партија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но само доколку се исполнат предусловите.</p><p>Во меѓувреме, во повеќе градови во Грција најавени се протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името. Како што објави весникот Независен, организатори на протестите се истите кои ги организираа протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени.Организаторите на протестите велат дека сакаат да ги потсетат властите дека грчкиот народ е против каква било отстапка за името Македонија и бараат да ја почитуваат волјата на народот. Како што соопштија денеска, веќе стапиле во контакт со локалните власти каде што треба да се одржат протестите и побарале поддршка од нив.Илјадници Грци во јануари протестираа во Солун, а во февруари во Атина со порака “Македонија е грчка„, осудувајќи ги разговорите за компромисно решение на спорот со името.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.