Се уште се отворени сите можни опции за решение за името

Се уште се отворени сите можни опции за решение за името, дознава МИА од високи извори на Владата на РМ. Ниту едно име од предложените не е фаворизирано и се уште се разговара.Во нарадениве денови ќе биде познат датумот за средбата на двајцата премиери Ципрас-Заев на која ќе бидат финализирани клучните детали за решението.


Според истиот извор останува динамиката и тајмингот на конечно надминување на разликите околу името. Според веќе објавеното првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонскиот Параламент на изгласување, а потоа со допис Грција да го извести НАТО дека го одобрува влезот на Македонија во северно атланската алијанса. Следата фаза на 28 и 29 јуни на Самитот на ЕУ на Заев и официјално да му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со Унијата, а на 11 и 12 јули на Самитот во Брисел да следува официјална покана за влез во НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.