Бројот настрадани во тајфунот Џелават што го погоди јужниот дел на Јапонија, се зголеми на 65, а оштетени се повеќе од 331 илјади домови, јавува јапонската телевизија NHK.
Според Националната метеоролошка агенција на Јапонија, тајфунот Џелават кој е 17-ти тајфун во сезоната во северот-западниот дел на Тихиот Океан, во близина на префектурата Кагошима и се движи кон североисток со брзина од 30 од 30 километри на час.
Притисокот во центарот на тајфунот изнесува 935 хектопаскали. Брзината на бурата што го придружува циклонот достигнува до 45 метри во секунда, со налети до 65 метри во секунда.
Според состојбата во 17 часот по локално време (10.30 часот по македонско време), во близина на градот Наха била регистрирана максимална брзина на ветрот на 61,2 метри во секунда. Стапката на врнежи во областа на тајфунот изнесува 55 милиметри на час. Височината на брановите, пак, достигнува околу 12 метри. Телевизијата NHK емитуваше снимка на којашто се гледа како ветерот превртел камион на еден од главните автопати на островот. Оштетени се десетици автомобили и покриви на куќи.
Во невремето се повредени уште 65 лица. Информации за жртви од природната катастрофа сé уште не се објавени. Повеќе од четири илјади луѓе се евакуирани од своите домови поради заканата од поплави.
Без електрична енергија остануваат 331.500 домови, што претставува околу 60 отсто од вкупниот број згради на островот Окинава.
Сите летови од аеродромот на Наха, закажани за сабота се откажани. Метеоролозите предупредуваат на опасноста од лизгање на земјиштето поради поројните дождови што придружуваат тајфунот, а, исто така, повикуваат на внимателност и поради силните ветрови.
Според предвидувањата од страна на Националната метеоролошка агенција, тајфунот до недела треба да стигне до главниот јапонски остров Хоншу.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: