среда, 25 ноември 2026
Најново

Се сеќавате на глумицата од филмот Росалинда? Се појави на еден настан уште поубава од претходно!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пред повеќе од 15 години домашната публика лудуваше за латино-американските серии, а една од најфаворизираните глумици беше и Талија. Многумина поради неа актуелно ги следеа случувањата во сапуниците како “Marimar” и “Rosalinda”.
Талија ги толкуваше улогите во сапуниците како “Marimar” и “Rosalinda”, а нејзината популарност беше толку голема така што во нашиот регион сите ја познаваа, а исто така се слушаше и хитот како “Amor a la Mexicana”.

Талија и денес е голема ѕвезда во Мексико, а во Америка беше актуелна во јавноста откако се омажи за Томи Мотола, поранешниот маж на пејачката со раскошен глас, Мараја Кери.
Во 2003 година, таа засекогаш го напушти светот на сапуниците и се посвети на музиката, а истата година објави и музички албум наменет за американскиот пазар.
Од нејзиниот албум се издвои песната “I Want You”, а нејзините други песни не достигнаа енормна популарност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

После борбата да се здобие со светска слава, Талија се посветила на семејството. Глумицата и пејачката во 2007 година ја родила нејзината ќерка Сабина, а во 2011 година добила и син.
Во меѓувреме таа се посветила на дизајнирање облека и на тоа поле таа се докажала многу професионално. Веќе во 2013 година таа ја доби својата ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд. Пред 4-три години таа се врати на музичката сцена и го објави нејзиниот албум “Amore Mio”.
Оваа година, како што велат изворите таа е подготвена за производство на нова музика, па затоа и ја објавила својата песна “No Me Acuerdo”, која има предиспозиции да постане вистински латино мегахит.

Таа пред два дена се појави и на манифестацијата “Tony awards” кадешто заблеска на црвениот тепих во одело со црно-златна комбинација.

Поврзани вести