Сите коишто сте веќе заљубени веднаш проверете: ова се знаци дека тој е “вистинскиот“

Сите коишто сте веќе заљубени веднаш проверете: ова се знаци дека тој е “вистинскиот“
Денес е многу тешко да се пронајде квалитетен партнер или барем така изгледа кога ќе сме опкружени со оние “погрешните“. Затоа за денес ви издвоивме одредени карактеристики кои би требало да ги има оној “вистинскиот“, а со помош на нив препознајте го тој со кого ќе можете да го планирате Вашиот живот.
Понекогаш изгубени во толпата на луѓе и животните искуства, тешко е да го препознаеме оној “вистинскиот“. Затоа проследете ги овие знаци кои сигнализираат дека тој е оној кој ја заслужува Вашата љубов и внимание.
Вие се чувствувате сигурно покрај него
Неквалитетните партнери обожуваат да го тресат тлото под нозете на жената, така што ќе знаат дека таа трепери поради нив. Додека пак, квалитетните партнери со своите гестови на жената и влеваат сигурност.


Тој е џентлмен затоа што сака да се однесува така, а не затоа што бара нешто за возврат
Логиката во главата на мнозинството од мажите вели дека нивното џентлменско однесување мора да резултира со некаква награда.
Квалитетните мажи се џентлмени затоа што тоа однесување им доаѓа природно.
Тој Вас навистина ве слуша
Можеби тој нема да го запомни секој детал за Вас, но квалитетниот партнер ќе се потруди да ги знае поголемиот дел од работите коишто ви се важни. Неговото слушање покажува дека тој навистина ве почитува и цени.


Неговиот третман кон Вас е секогаш ист, без оглед дали сте сами или со пријателите
Мажите кои пред своите девојки се однесуваат на еден, а пред пријателите на сосема друг начин не заслужуваат да бидат сместени во категоријата на квалитетни партнери. Квалитетните партнери не чувствствуваат срам доколку нивните пријатели забележат дека тој е заљубен.
Отворен е кога се во прашање чувствата
Квалитетниот партнер не се плаши од ранливост и отворено покажува сѐ што чувствува. Неквалитетните партнери честопати глумат дека им е сеедно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.