Ова е најгрдото куче на светот

На 30-от натпревар „Најгрдо куче на светот“, кој традиционално се одржува во Калифорнија, годинава титулата ја освои англискиот булдог со исплазен јазик, Заза.
Сопственичката на Заза за грдотијата на нејзиното милениче ќе добие 1.500 долари. Деветгодишната Заза со розова каишка просто „ги засени“ своите соперници, од кои некои се и без влакна, или пак имаат мек јазик што не можат да го држат зад заби.


На минатогодишниот натпревар, „шампион“ беше големата „згоена и отечена“ Марта, тешка околу 57 килограми, женка од расата неаполски мастиф.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.