Зошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?

Кокосовото масло може да се користи за многу работи. Правите кари? Пржете го зеленчукот во кокосово масло. Ви треба природен отстранувач на шминка? Ставете го на вашето лице пред спиење и измијте го. Кокосовото масло со сладок мирис дефинитивно може да послужи за повеќе намени. Но, дали знаете која е најновата употреба на овој сестран херој? Почнете да го ставате во вашето кафе.


Зошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?
Многу луѓе почнаа да додаваат 1-2 лажички кокосово масло во нивната утринска шолја кафе. Многумина ја нарекуваат оваа напивка кето кафе, а некои ја мешаат и со растителен путер за да направат моќно кафе што заситува и помага во битката со вишокот килограми.
Па, кои се придобивките од оваа комбинација? Кокосовото масло е природен извор на триглицериди со среден синџир (MCT), вид заситени масни киселини што телото ги апсорбира многу побрзо за разлика од другите масти. Според луѓето што ја практикуваат оваа рутина, доколку ја додадете оваа комбинација во вашата исхрана, ќе го намалите чувството на глад, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја зголемите вашата енергија. Не се знае дали ова навистина функционира (многу експерти се скептични), но сепак станува збор за голем тренд кој многу брзо се распространува.


Најверојатно се прашувате каков е вкусот. Некои велат дека е кремаст и вкусен, а други дека е масен и по малку одвратен. Најдобро е да го изблендирате маслото во кафето, наместо само да промешате со лажичка.
Сѐ уште се двоумите дали да пробате? Ако се обидувате да внесувате помалку калории и масти, тогаш најверојатно треба да го одбегнете овој тренд. Но, ако се интересирате за кето диетата или сакате да го замените кремот од карамела и шлагот со нешто поздраво, слободно пробајте и додадете кокосово масло во вашето утринско кафе.
Доколку сакате вашата утринска напивка да биде уште повкусна, пробајте го ова неодоливо кафе со вкус на кокос и карамела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.