Предизборната кампања во САД продолжува. Вирџинија е една од сојузните држава која може да биде пресудна.
Американскиот претседател Барак Обама и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни ги вкрстија копјата во сојузната држава Вирџинија.
Обама моментално е во водство над републиканецот Ромни. Сето тоа е како резултат на објаената тајна снимка, на која Ромни на богатите порджувачи им тврди дека ќе се откаже од 47% од Американците, односно од подржувачите на Обама за кои смета дека се ‘жртви’и им следува владина помоши. Рејтингот на републиканецот појде надолу по објавувањето на снимката.
Ромни најави, доколку биде избран ќе го избалансира федералниот буџет уште на почетокот на мандатот и ќе создаде плодна клима за малите бизниси.Тој вети дека ќе го укине законот за реформа на здравствената заштита.Но и покрај се, според најразлични анкети, Обамa создаде предност пред Ромни во Вирџинија и уште неколку други сојузни држави.
Пронајдете не на следниве мрежи: