Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.И.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 31.01.2024 во угостителски објект во Кочани пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.