Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата.Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 15 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд.
Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
Од среда попладне ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 15 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умер