26 години слобода: Трогателна приказна за љубовта која ниту Берлинскиот ѕид не можел да ја уништи!

Пред 26 години, на 9-ти ноември е срушен Берлинскиот ѕид кој ја раздвојувал  западна од источна Германија, но и младите и вљубени, на кои не им било дозволено да се сакаат, се до падот на бетонските ѕидини.Тоа  било  голема љубов помеѓу двајца тинејџери, Регина и Екхарт, која била невозможна, бидејќи девојката живеела во источниот дел на Германија, а момчето од другата страна на ѕидот. Се запознале на прослава за 10 години матура на нивните родители.
За тоа случување властите дозволиле мал број луѓе да го минат ѕидот, меѓу  кои бил и младиот Екхарт со својот татко. Кога се вратил во западниот дел, почнал да и пишува на својата нова љубов, но наскоро му станало јасно дека таквата романса е многу опасна.

Надлежните органи ги следеле, па  во еден момент ја упасиле, забранувајќи и контакт со саканиот. Било се потешко и потешко за овие млади, бидејќи на Екхарт му  било забрането да минува на другата страна од ѕидот, а се наоѓал само неколку километри од својата љубов.

 
Еден ден, бабата на Екхарт го  препратила неговото писмо до регина за тие двајца да можат да се сретнат кај езерото Балтон во Унгарија.

Екхарт  позајмил од своите роднини 12.000 марки и најмил човек кој ќе ја прокриумчари  Регина во кола. Планот бил остверен и  младиот пар успеал да се најде и конечно да ги остварат своите соништа.
Денес, Регина и Екхарт живеат среќно, се венчале слободни, далеку од ѕидот кој повеќе го нема.Тоа  било  голема љубов помеѓу двајца тинејџери, Регина и Екхарт, која била невозможна, бидејќи девојката живеела во источниот дел на Гер

Пронајдете не на следниве мрежи: