26-годишна жена пронајдена почината во подножјето на браната „Градче“

Вчера во 20:13 часот во подножјето на браната „Градче“ кај Кочани од страна на вработени во ЈП „Водостопанство“ било пронајдено тело на 26-годишна жена. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт по што било извршено препознавање од страна на родителите.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи: