26-годишник со мотор усмртил жена во центарот на Скопје



Несреќата се случила вчера на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“

74-годишна скопјанка загина откако во неа удил 26-годишник со моторцикл „хонда“ со скопски регистарски таблички, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила вчера околу 12 часот и 20 минути, а 74-годишната А.И починала на лице место, додека пак возачот на моторциклот се здобил со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.

„Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 74-годишната А.И.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобил моторциклистот Е.С., (26) , констатирани во приватна болница во Скопје“,

велат од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР – Скопје.

Во друга несреќа во неготинското село Тремник, две млади лица се здобиле со тешки телесни повреди откако се судриле со два моторцикли.

„Во 23.30 часот во Полициската станица – Неготино било пријавено дека во селото се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл управуван од М.Ш., на возраст од 21 година и моторцикл „хамачи“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 19-годишното лице со иницијали А.Ш., двајцата од Тремник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во ЈЗУ – Неготино“,

се вели во соопштението на МВР.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: