2,6 милиони прегледи: Одлучила да го обои тепихот во црно – погледнете го резултатот

Тиктокерка од Велика Британија одлучила да го сподели својот резултат од бојадисување на тепихот, а видеото стана вирално и за само неколку дена собра повеќе од 2,6 милиони прегледи, но и бројни коментари.

Необичен потфат
Во видеото, ТикТок корисничката @LoopyLinzi истура црна боја во пластична кутија, а потоа го премачкува тепихот со четка. Во видеото напишала дека за овој потфат ѝ биле потребни само еден час и помалку од 20 долари, а заклучила дека резултатот „не бил толку добар, но ниту лош“.

Видеото набрзо стана вирално, а ТикТок корисниците не престанале да ѝ се потсмеваат, сè додека таа не ја исклучила опцијата за коментирање.

@linziaxk664

Painting my carpet #makeover on a #budget @TheScratchDoctor

♬ Send Me on My Way – Vibe Street

Забава во коментари
„Одам да го излепам каучот со тапети, поздрав“, се пошегувал еден корисник, додека друг додал: „Супер идеја! Одам да го ‘обложам’ каучот со тепих“.
„Дали ти се запалил домот?“, ја прашал трет корисник, а четврт напишал: „Аха, си го избрала ефектот со чад“.
„Најдобар дел од овој проект се коментарите“, заклучува петти корисник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.