Натали Портман ќе ја игра Џеки Кенеди !

Глумицата најверојатно ке ја добие улогата на сопругата на поранешниот амерички претседател Џон Ф. Кенеди, Џеки, пренесува сајтот “Дедлајн”. 

 

Филмското студио “Fox Searchlight”, кој го поседува овој проект, во моментов е во преговори со глумицата Натали Портман, поради тоа што сакаат токму она да ја глуми првата дама во драмата “Џеки”. Во филмот се праи животот на Џеки Кенеди по атентатот на нејзиниот сопруг во Далас во 1963та година.

 

Според некои наводи, на Натали премногу и се допаднало сценариото за овој филм, меѓутоа сепак планира да почека додека не се пронајде режисерот па потоа да ја прифати улогата.

 

Како потенцијални имиња за режисерското столче, се спомнуваат Дарен Аронофски, со кој глумицата веќе има соработувано во филмот “Црн лебед”, за кој и доби Оскар, како и Стивен Спилберг, кој исто така е заинтересиран за овој филм.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: