Десетици илјади Португалци излегоа денеска на улиците, за да протестираат против владините планови за штедење.
Тие се собраа во центарот на Лисабон и протестираа против плановите за намалување на буџетските трошоци и побараа оставка од премиерот Педру Коељо.
Тоа е трет масовен протест во последните две седмици. По претходните демонстрации премиерот почна да бара други мерки за штедење, алтернативни на тие кои предизвикаа незадоволство кај граѓаните.
Пронајдете не на следниве мрежи: