Шест лица загинаа, а две други се повредени денеска при уривање на мал туристички авион во австриската покраина Тирол, соопшти локалната полиција.
Авионот од типот „Цесна“ летал од аеродромот во Инсбрук кон шпанскиот град Валнесија, но набрзо по полетувањето се урнал во една шума и се запалил.
Причините за несреќата не се познати, но се претпоставува дека пилотот изгубил контрола врз леталото. Во време на несреќата во реонот имало густа магла.
Во авионот имало осум патници и членови на екипажот, сите државјани на Австрија.
Пронајдете не на следниве мрежи: