Русите ќе потрошат 14 млрд евра за Мундијалот, Блатер одушевен

 

Рускиот минситер за спорт Виталиј Мутко најави дека неговата земја како организатор на Светското фудбалско првенство во 2018 година ќе потроши дури 14 милијарди евра, одушевувајќи го притоа претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, со организациските планови.

„Тоа не е целито износ, туги груба процена. Можеби ќе потрошиме и повеќе, а половината од парите ги обезбеди владата на Руската Федерација. Пет стадиони се во изградба, а за уште четири почнуваме со изработка на проектите”, изјави рускиот министер за спорт, Виталиј Мутко во неделата.

Мутко нагласи дека споменатата сума е двојно поголема отколку што ја предвиде рускиот претседател Владимир Путин во декември 2010 година, кога Руската Федерација се здоби со организацијата на светското фудбалско првенство во 2018 година.

Претседателот на светската фудбалска организација ФИФА, Сеп Блатер, е одушевен од руските планови, меѓутоа и со она што е досега направено иако до почетокот на Мундијалот остануваат уште шест години.

„Русите се најмалку една година пред првичниот план. Навистина сум среќен од досега стореното. Русите сѐ почнаа да градат од почеток. Тоа е еден сосема поинаков пристап”, изјави Блатер.

Русија објави дека шампионатот ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови. Тоа се Москва, Санкт Петербург, Калининград, Нижни Новгород, Казан, Самара, Волгоград, Краснодар, Ростов, Сочи и Екатеринбург, а единствен град во кој натпреварите ќе се играат на два стадиона е престолнината Москва.

 

Макфакс

извор: РИА Новости

Пронајдете не на следниве мрежи: