Неколку илјади лица протестираа денеска во Париз против строгите мерки за штедње во Европа.
Протестот, организиран од околу 60 синдикални организации и партии, меѓу кои и комунистичкот Лев фонт (ФДГ), се одржа два дена пред закажаната седница на францускиот Парламент на кој ќе се распарава за еврпскиот буџетски пакт.
ФДГ соопшти дека на протестот учествувале над 50.000 лица, додека полицијата засега не излезе со информација за бројот на учесниците на собирот.
– Денес е денот кога францускиот народ започнува акција против политиката на сторго штедење, порача во обраќањето на протестот ко-претседателот на ФДГ, Жан-Лук маланшоб.
Двата дома на францускиот Парламент би требало да го ратификуваат европскиот буџетски пакт до крајот на октомври. Со договорпт, 25-те земји негови потписнички се обврзуваат на намалување на буџетскиот дефицит и на одржување на нивото на државниот долг под 60 проценти од бруто домашниот производ.
Покрај ФДГ, против ваквиот пакт се изјаснија и екологистите, но и левото крило на владејачката Социјалистичка партија (ПС). Поддршка за пактот изразија опозициските конзервативци, раководството на ПС и мнозинството пратеници социјалисти.
Пронајдете не на следниве мрежи: