Дали апликациите кои ги користиме секој ден направија многу сфери на животот полесни, и дали е тоа случај и кога станува збор за тн. „мување“ и запознавање онлајн. Ако не сте успеале да пронајдете сродна душа досега и на класичен начин, со помош на овие пет апликации сигурно ќе можете да го направите тоа.
OK KUPID
Ова е една од најстарите веб-страници за запознавање, а има и мобилна апликација. Нејзината посебна предност е огромна база на корисници и бесплатен пристап до нивните основни информации, додека за напредни опции, како што се: за да знаете кој сакате, мора да се надополни со поспецифични барања и да се плати.
TINDER
Тиндер е првенствено платформа наменета за забава. Проценка на личност дали е вредна за комуникација само според изгледот и неколку пораки можеби звучи слатко, но оваа апликација ќе бара од вас токму тоа. Тиндер врз основа на вашата локација ќе покаже блиску до вас корисници на мрежата, а на вас е да ја движите фотографијата на лево или десно, зависно дали некој ви се допаѓа или не. Ако лицето кое ви се допадне потврдно одговорите , комуникацијата може да започне.
HINGE
Ова е “сигурна” мрежа за запознавање на кој корисници во кој најголем дел создаваат “вистински врски”. Наведува да бидете внимателни во своето однесување бидејќи ви “претставува” лица што се во мрежа со вашите заеднички Фејсбук пријатели.
Plenty Of Fish
Оваа апликација се води со мотото “има уште многу риби во морето”. Таа е една од најпопуларните во светот со повеќе од 55 милиони корисници. Прилично е едноставна за користење и е привлечна за младите и постарите корисници кои се обидуваат да најдат своја среќа.
BUMBLE
Бамбул е апликација во која главниот збор го водат жени. Слично како и кај Тиндер корисниците се скршнуваат преку профили, но само жената може да започне разговор и тоа во рок од 24 часа кога другиот корисник и се допаѓа. Во спротивно, врската пука засекогаш, односно истиот пар не може повторно да се соедини.
Па, ја најдовте ли својата мрежа? Која ја користите?