Фејсбук ја блокира опцијата за препознавање на лица

 

Facebook објави вчера дека ја блокира функцијата за препознавање на лица во земјите од ЕУ, пренесоа агенциите. Оваа одлука беше донесена по критики од државните регулаторни тела и заштитници на личните податоци.

 

Најголемата социјална мрежа во светот веќе ја блокирала оваа функција за нови корисници. До 15 октомври ќе биде избришана и базата на податоци, која софтверот на мрежата ја користи за идентификација на корисниците.

 

Директорот на Facebook за Европа Ричард Ален изјави дека по одредени промени функцијата може да се обнови во иднина. “Сеуште сме убедени дека можеме да ја нудиме легално во Европа функцијата за откривање на лице”, истакнал Ален.

 

Функцијата која досега беше дел од пакетот, што го добива секој корисник на социјалната мрежа, им овозможува на корисниците да обележуваат на слики свои познати, а софтверот автоматски да го испишува името врз основа на  информациите во базата на податоци.

 

Според германската Канцеларија за заштита на личните податоци и слобода на информациите софтверот за препознавање на лица незаконски се користи од Facebook, бидејќи и овозможува на компанијата да натрупа огромна база на биометрична податоци која би можела да се злоупотребува.

 

Одлуката на Facebook да блокира ја функцијата за препознавање на лица не влијае корисници надвор од Европа.

 

Може да ве интересира:

Дали пораките на Фејсбук се јавно достапни

Фејсбук демантира „протекување“ на приватни пораки

На Фејсбук има 83 милиони лажни профили

На Фејсбук се појави разголена фотографија од Марк Цукерберг

Пронајдете не на следниве мрежи: