Пиштол и револвер од макрата „Colt“ коишто припаѓале на најпознатата двојака америакни гангстри Бони и Клајд, беа понудени на наддавање и достигнаа цена од околу половина милион долари.
Двата „колта” беа понудени на наддавање во Нашуа во Њу Хемпшир во неделата на 30-ти септември. Боби Ливингстон, претставник на организаторите RR Auction изјави дека почетната цена за секој од пиштолите изнесувала 75 илјади долари и очекуваа за секој пиштол понуда од најмалку 100 до 200 илјади долари. На колекционерите, исто така, им беа понудени и џебниот часовник на Клајд, писмото што му го напишал на својот брат и кафената дрвена кутија на Бони, во којашто ги чувала пудрата и карминот, која била пронајдена во автомобилот во кој биле застрелани.
Досегашен сопственик на колецијата беше сопственост на колекционерот Роберт Е. Дејвис.
Меѓутоа, колекцијата којашто опфаќаше 134 „гангстерски“ експонати, достигна цена од 1,1 милион долар. Од кои 264 илјади долари се платени за револверот на Бони Паркер, а полуавтоматскиот пиштол на Клајд Бароу истиот купувач го купил за 240 илјади долари.
Купувачот на оружјето на славните гангсетри сакал да остане анонимен, соопштија од RR Auction. Според Ливингстон, високи цени се постигнати на наддавањето и за другите предмети на гангстерскиот тандем. Така часовникот на Клајд е продаден за 36 илајди долари, а цената што ја платил купувач за сребрената монета од еден долар најдена во џебот на гангстерот 32 илјади пати ја надминала нејзината номинална вреност.
Во јануари 2012 година на аукција во Канзас Сити двете пушки за кои се верува дека им припаѓале на познатите одметници од 30-сетите години на минатиот век беа продадени на аукција за 210 илјади долари. Ги купи онлајн купувач од источниот брег. Автоматската пушка „томи ган“ и „винчестерката“ од 1887 година, коишто биле користени од страна на озлогласената двојка биле запленети во полициска рација врз нивното засолниште во Џоплин, кога се убиени двајца полицајци, а членовите на бандата успеале да побегнат. Двете пушки биле запленети на 13-ти април 1933 година при претрес на станот во кој престојувале Бони и Клајд, откако претходно застрелале двајца полицајци во Џоплин. Пушките претходно беа изложени во полицискиот музеј во Спрингфилд.
Двата „колта” коишто во неделата беа продадени биле подигнати од американските ренџери од местото на коешто била поставена заседата во којашто во 1934 година во сојузната држава Луизијана двојката била ликвидирана. Револверот со куса цевка од калибар со 38 милиметри, со дрвена резбана рачка бил пронајден на телото на Бони Паркер.
„Татко ми го зел оружјето од мртвата Бони Паркер, кој бил со бел медицински завој зацврстен на внатрешноста од нејзиниот бут. Татко ми рече дека една од причините зошто таа го носела пиштолот на овој начин, била дека ниту еден офицер, претпочитајќи да биде господин, во тоа време нема да си дозволел себеси да пребарува жена на такви места”, изјави Тексашкиот ренџер Френк Хамер Џуниор, син на Френк Хамер, кој ја организирал заседата во којашто паднале Бони и Клајд.
Клајд, исто така, немал време да го дофати од појасот својот полуавтоматски пиштол од 45 калибар, кој исто така бил запленет за време на пребарувањето на телото. Овој тип „колт” инаку бил дел од вооружувањето на армијата на САД за време на Првата светска војна. Според службената верзија, „колтот” бил украден од воено депо за оружје, на него има мали гребнатинки, најверојатно со коишто е прекриен натписот „сопственост на САД.”
Двата „колта” му биле подарени на Френк Хамер како награда за успешната операција за ликвидирање на познатите криминалци. Во тој момент Бони и Клајд биле обвинети за 13 убиства и серија тешки грабежи, вклучувајќи и ограбувања банки.
Хамер Џуниор, признава дека на неговиот татко му било жал за убиството на „девојченцето”, како што тој ја нарекувал 24-годишната Паркер (со раст од 150 сантиметри, којашто едвај тежела 40 килограми), но ја оправдувал суровоста при организирањето на заседата, бидејќи било невозможно живи да бидат уапсени. „Немаше избор – или ние, или тие нас”, велел Хамер постариот. Во заседата инаку учествувале шест ренџери, а од истреланите 167 куршуми околу педесетина завршиле во телото на гангстерите.
Елизабет Бони Паркер (1910 – 1934) и Клајд Бероу Кестен (1909 – 1934), биле познати одметници, разбојници и криминалци, кои со својата банда пустошеле ширум САД за време на Големата депресија.
Според досиејата на американското истражно биро FBI, Бони и Клајд се запознале во Тексас во 1930 година. Се смета дека се виновни за смета на 13 лица и неколку тешки вооружени грабежи извршени до 1934 година, кога биле убиени.
Приказната на Бони и Клајд, којашто Американците во текот на Големата депресија ја гледале како современа верзија на Робин Худ, стана тема за многу книги и филмови. Во Гибсленд, место каде што во заседата била застрелана двојката гангстери, повеќе од 70 години постои музеј посветен на сите учесници на настанот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: