Францускиот филм „Дома“ на режисерот Франсоа Озон е добитник на Златната школка за најдобар филм, главната награда на 60-от меѓународен филмски фестивал во шпанскиот град Сан Себастијан.
Филмот „Дома“ е приказна за професор по француски јазик кој со песимизам гледа на светот и својата животна радост ја пронаоѓа благодарејќи на еден од своите ученици по име Клод.
Шпанецот Фернандо Труеба автор на филмот „Уметникот и неговите модели“ во кој Жан Рошфор го толкува ликот на вајарот кој своет вдахновение го пронаоѓа во млада Шпанка која побегнала од диктатурата на генералот Франко, е добитник на Сребрената школка за најдобар режисер.
Кети Козени и Шпанката Макарена Гарсија ја поделија наградата за најдобра актерка. Кети Козени е наградена за улогата на актерка во филмот „Foxfire“ на францускиот режисер Лорен Канте кој раскажува за бунтот на група девојки од работничката класа во Њујорк во 1950-те. Макарена Гарсија, пак, е наградена за ролјата во филмот „Blancanieves“ на режисерот Пабло Бергер.
Наградата за најдобар актер му е доделена на шпанскиот глумец Хосе Сакристан за улогата во филмот „El muerto y ser feliz“ на Хавиер Ребољ во кој толкува лик на платен убиец заболен од рак во терминална фаза.
Филмскиот фестивал кој се одржува во малиот баскиски град Сан Себастијан е најважниот во Шпанија, а според реномето во Европа е веднаш зад сличните манифестации коишто се одржуваат во Кан, Берлин и Венеција.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: