Филмови кои ќе ја оживеат оваа есен

Како и секоја есен, во секое време се очекува да не изненадат дождовите и ладното време. Тешко е да се навикнете на познатата меланхолија после долго и топло лето. Сепак има начини уживањето да продолжи на малку поинаков начин. Никој не одбива добро друштво и добар филм во наредниот период кога шетањето ни е малку ограничено. Еве неколку од премиерите што не очекуваат овој период. Уживајте!

1. Holy Motors

Иако овој филм е чуден и можеби не е за сечиј вкус. Делумно е нереален и малку луд, сепак режисерот Лео Каракс направил брилијатен и креативен филм кој секој може да го протолкува на свој начин. Главниот лик патува низ Париз во лимузина и на различни начини испливуваат невидени авантури од кои се развиваат различни дискусии. Во главните улоги се јавуваат и Ева Мендес и Кајли Миног.

2. Beasts of the Southern Wild

Овој трогателен филм, веќе има голем број на фанови кои се воодушевени од самата содржина на филмот. Имено се работи  за девојчето Хашпапи, која живее во мало и ‘заостанато’место во Луизијана и мора да се самото да изнајде начини да се прехрани и преживее додека нејзиниот татко се разболува и надоаѓа поплава.

3. Skyfall

Според могумина последниот филм со Џејмс Бонд помина ‘лабаво’ , но затоа со превземање на лиценцата на филмовите за Бонд,ни претстои нов филм на режисерот Сем Мендес, каде во главните улоги се јавуваат Хавиер Бардем и Ралф Фајнс. Останува да видиме дали ќе успее да се сноси со досегашната сензација наречена Бонд.

4. Rust and Bone

Можеби ќе ве заинтересира уште една навидум романтична приказна каква што немате гледано одамна. Млада жена работи во забавен парк која тренира китови да прават трикови за публиката. Откако ќе доживее тешка несреќа, се спријателува и потоа заљубува во мрачен кикбоксер. И покрај сите бизарни моменти, овој филм е за старомодна љубовна приказна на која не би требало да останеме рамнодушни.

5.The Twilight Saga: Breaking Dawn part two

Некои со огромно нетрпение и жал го чекаат последниот дел на познатата сага на Twilight. Конечно фановите ќе може да здивнат, остана уште еден месец и доаѓа крајот Twilight.

6. Amour

Иако веќе ни се познати ваквите приказни, сепак никој не останува рамнодушен на љубовен филм кој воодушевува со неговата тежина. Се работи за приказна на стар брачен пар кој живее во Париз кој и покрај сите животни тешкотии успева да соочи со најголемиот нивен страв, нивната љубов да дојде до крајот.

7. Sightseers

Уште еден филм со романтична содржина која за момент ја менува својата насока и добивате комплетен пресврт на настаните. Се работи за млад пар, кој оди на навидум планинарење, но настаните го менуваат текот на работите на начин што на крајот едноставно би изгледале некаков вид на авантуристички трилер.

Пронајдете не на следниве мрежи: