Јоханес Хан Гласајте!

Дали народот пак ќе биде излажан? Ветувавте НАТО и со Охридскиот договор во 2001?Или тоа беа некои други службеници?
Се надевам дека во иднина ќе ви се обраќам со Северна Македонија, рече Хан

На заедничкиот прес, кој утрово го одржаа македонскиот премиер Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан, добивме уште една поддршка за Референдумот. Хан порача дека му пречи употребата на ПЈРМ и верува дека на следната средба ќе не ословува со Северна Македонија. Уште додаде дека се наоѓаме на почетокот на еден сложен процес кој почнува следната недела и дека тука не санува збор само за правни одредби, туку за работи и технички совети кои ЕУ ни ги дава врз база на собраните искуства, а кои влијаат на секојдневието на граѓаните, како што се квалитетот на воздухот, прехранбените производи, образованието, нови работни места, спречување на одлив на мозоци итн.
Нема време за губење, следната недела ќе имаме важен состанок во Брисел, кој ќе го означи почетокот на скринингот, односно подготовките за почеток на преговорите, рече тој, додавајќи дека не замолува и апелира да го искористиме своето демократско право на претстојниот Референдум. Дека ова е наша можност да се определиме за нашата иднина, нашите деца и внуци, па дури на неродените генерации. Одлуката ќе биде и важен придонес за стабилноста на регионот, а на нас е да одлучиме дали ќе ни се обраќа со ПЈРМ како досега, што патем многу му пречи или со Северна Македонија, дополни еврокомесарот Хан.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.