Уште една блондинка во холивудските кругови

Loading...

Оскаровката Натали Портман, заради потребите на следниот филмски проект, го смени својот изглед. Актерката која беше препознатлива по својата долга костенлива коса, реши да го смени својот имиџ и сега е блондинка. 

Сеуште не е сигурно поради кој филм Портман ја направи оваа промена, бидејќи моментално снима два филма: “Thor: The Dark World” и “Knights of Cups”. Тоа што е сигурно е дека оваа промена одлично и прилега, бидејќи веќе имавме можност да ја видиме со руса коса за потребите на филмот “Closer” од 2004 година, каде што глумеше стриптизерка, но тогаш тој ефект беше постигнат со перика.Бојадисувањето на Портман беше извршено од страна на најпознатата фризерка за славните Трејси Канингем

Актерката е крајно задоволна од својот изглед, кој за прв пат го промовираше на премиерата на претставата “LA Dance Project”, која е во режија на нејзиниот сопруг Бенџамин Милпид. 

loading...
Loading...