Родилка од Македонска Каменица вчера рано утрото починала на Клиниката за гинекологија. Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27-годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК. Гинеколозите успеале да го спасат бебето кое сега е на одделот за интензивна нега, но лекари од повеќе клиники и покрај сите напори со поставувањето на пејсмејкер и двочасовната реанимација, не успеале да ја вратат во живот родилката. Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето, објави ТВ “Сител“.
-Имала потешкотии со одењето, лесно се заморувала, и тоа 5-6 дена, мисела дека е нормално, беше многу топло а викендот и била невеста и мислеле дека од тоа се заморува, но не било така. Од првичните испитувања најверојатно масивна тромб емболија со декомпензирано срце е причината за смртта, вели др. Викторија Јовановска директор на ГАК.
Пред да заврши на скопска гинекологија, од Брза Помош 27-годишната жена прво ја однеле во кочанската болница, каде поради тешката состојба веднаш ја препратиле во Скопје. Поради смртта на младата родилка, гинеколозите велат дека не сакаат да ги плашат трудниците, но апелираат да не седат дома доколку нешто не е во ред со нивното здравје.
– Бременоста е физиолошка состојба, не сакам да биде како плашење но доколку се посомневаат дека нешто отскокнува да побараат помош кај својот матичен лекар, вели Јовановска.
Според светската статистика, тромб емболија е најчесто фатална кај трудници. Телото на починатата е на одбукција на Патологија од каде и официјално ќе ја кажат причината за фаталниот исход. Од Гинекологија велат дека во изминатите две години ова е прв смртен случај на родилка.