Погледнете какво време нѐ очекува до крајот на неделата

Времето денеска во поголемиот дел од земјава беше сончево и топло, а во западните и крајните источни делови со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер од југозападен и северозападен правец.До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен и северозападен правец. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и свежо со слаб ветер од променлив правец.
Утре нѐ очекува претежно сончево со слаб променлив ветер. Минимална температура од 1 до 10, а дневната највисока температура на воздухот од  20 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Температурите од 6 / 23 степени.
Во текот на наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со свежи утра. До недела дневната температура ќе биде во пораст.До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен и северозападен правец.&

Пронајдете не на следниве мрежи: