Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд претежно во западните и јужните делови кои повремено ќе бидат со умерен интензитет.На повисоките планини со надморска височина над 1.800 метри во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Од утре попладне следува период на претежно стабилно време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.На повисоките планини со надморска височина над 1.800 метри во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен с