Пулс24 со ексклузивно интервју со најпознатиот македонски модел кој работи во Бугарија. Драгана Спасовска
Најпрво ќе ни кажеш како Драгана започна со моделство ?
Веќе 4 години се занимавам со оваа професија, започнав сосема случајно кога еден фотограф ми предложи да направиме фотосесија и од таму тргнаа понудите за списанија, спотови, а потоа следеше мис Бугарија и така натака.
Како би се опишала ?
Па…. јас сум доста дива и темпераментна девојка, пред се опуштена комуникативна … и би додала „Кој не ме знае скапо ќе ме плати“
Веќе 3 години живееш во Бугарија, која е разликата помеѓу животот таму и животот во Македонија ?
Најпрво да ве поправам веќе четри години сум во Бугарија, и можам да кажам дека животот е многу сличен со оној во Македонија а истовремено и многу различен. Разликата е во тоа што во Бугарија животот е поопуштен, луѓето не се преоптеретуваат со туѓи животи, и секој си го живее животот онака како што мисли дека е најдобро.
Што е тоа што го има во Скопје а го нема во Пловдив ?
Неможам да се сетам на такво нешто во моментов.
Кои се поубави Бугарките или Македонките ?
Без навреда меѓутоа според мене Бугарките се поубави жени.
Дали си заљубена ?
Не сум заљубена.
Како изгледа дечкото од твоите соништа ?
Момци од типот на Вин Дисел хахахах …
Кои се твојте планови за во иднина ?
Мислам да продолжам да се занимавам со музика,имам некои планови, но ќе видиме како сето тоа ќе се одвива . Помалку зборење повеќе работа.
Кое е твоето животно мото ?
Животот е еден, треба да живееш како што ти сакаш, не постојат невозможни нешта.
Дали селиконите се единствената разлика помеѓу македонската и бугарската естрада ?
Не се само во селиконите , има огромна разлика. Бугарките се многу поопуштени што е голема предност, голема е разликата и во хонорарот, настапите на Бугарките достигаат и до 10 000 евра .
Што мислиш за девојките кои се актуелни во последно време односно „спонзорушите“? и дали истите ги има во Бугарија ?
Бугарија е позната по спонзорушите уште од многу одамна. Немам ништо против таквиот тип на девојки бидејќи секој си го бира начинот на живот.Така да само напред девојки. Односно како што би рекле ние во Бугарија „Колку повеќе толку подобро“
Низ сите Бугарски медиуми кружеше информацијата за тоа дека си љубовница на Борис , дали овие информации се точни?
Немам коментар на ова прашање
Вистина ли е дека ќе се појавиш во спотот на Бугарската пеачка Емануела ?
-да неделава ќе биде промоцијата на спотот.
Екипата на puls24 ти покасува многу среќа и успех во кариерата.
Пронајдете не на следниве мрежи: