Московскиот окружен суд денеска го прогласи за екстремистички филмот „Невиноста на муслиманите“ и го забрани неговото прикажување на територијата на Русија.
На овој начин е задоволено барањето на московското обвинителство за забрана на филмот како екстремистички.
Образложувајќи го ставот на обвинителството, обвинителот Викторија Маслова изјави дека „филмот претставува негативна светлина на исламската религија и придонесува за зголемување на религиозната нетрпеливост“.
Таа приложи и податоци од експертизата, која во филмот утврдила материјали со екстремистички карактер.
Пронајдете не на следниве мрежи: