Совети кој ќе ви помогнат како правилно да се грижите за вашите заби

Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите
Марина Владимировна е заболекарка која сфатила дека многу пациенти ѝ поставуваат исти или слични прашања. Како да ја изберат правилната паста за заби, како да се ослободат од кариесот и како да ги избелат забите се некои од најчестите. Па, решила да одговори на нив и еднаш засекогаш да им стави крај на митовите поврзани со грижата на забите.
1. Како да се справите со стравот од заболекари?
Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите
Речиси секој има страв од заболекари, па ова е сосема нормално. За среќа постојат неколку корисни совети што ќе ви помогнат да се справите со овој страв:
Немојте да чекате да се појави силна болка. Ако сте стигнале дотаму или ако веќе некое време ја чувствувате болката, анестезијата можеби нема да функционира како што треба. Ова секако ќе ве направи понервозни, а третманот ќе ви трае подолго.
Немојте да земате силни седативи или да консумирате кафе и енергетски пијалаци пред да одите на заболекар. Овие продукти можат да реагираат со анестетикот. Обидете се да се смирите без лекови. Ако сте премногу нервозни напијте се билен чај. Исто така не ни помислувајте на алкохолот, тој може да реагира со анестетикот, па дури можат да настанат и компликации. Не заборавајте да му кажете на заболекарот доколку земате некакви лекови.
Ако имате можност, најдобро е прво да се запознаете со заболекарот, да се консултирате и заедно да направите план за третман. Следниот пат ќе се чувствувате многу поудобно.
Планот за третманот треба да почне од едноставно и да се движи кон комплексно. Се препорачува да се започне со чистење, средување на мал кариес, па дури потоа средување на канали, вадење заби или нерви. Ќе имате време да се навикнете на заболекарот и на средината.
Обидете се да го посетите заболекарот наутро. Ова ќе ви помогне да останете смирени бидејќи ќе немате многу време за грижа. Исто така нашата чувствителност на болка е посилна навечер.
2. Зошто се појавува кариесот и како да го спречите?


Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите
Најпрво се формира киселински медиум, најчесто поради бактерии или храна со висока рН вредност. Киселата средина го поттикнува отстранувањето на минералите од емајлот на забот и го оштетува. Постепено на емајлот се формира празнина, односно кариес и станува подлабока. Постојат неколку начини да се справите со појавата на кариес:
Внимателно грижете се за вашите заби и минерализирајте го емајлот. Можете да го направите ова и од дома со помош на посебни алатки.
Не им дозволувајте на забите предолго да се наоѓаат во кисела средина. Исплакнете ја устата со средство за плакнење по јадење слатки или пиење газирани пијалаци. Ако немате ништо за плакнење, напијте се вода.
Немојте да пиете газирани пијалаци, сокови и други слични пијалаци пред спиење или откако сте ги измиле забите. Навечер речиси и да не се лачи плунка, а ова значи дека во устата ќе има 8-часовен процес на отстранување на минералите од емајлот. Навечер пијте само вода.
3. Како правилно да се грижите за забите?


Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите
Мијте ги забите со четка со средна мекост 2 пати дневно и не пократко од 3 минути. Меките четки се добри за луѓето со чувствителни заби. Важно е да ги исчистите забите од сите страни и да ја движите четката од горе надолу. Најчестата грешка што ја прават луѓето е тоа што ги четкаат забите лево-десно. На овој начин талогот и бактериите навлегуваат уште подлабоко во непцето и просторот меѓу забите.
Ако носите протеза, коронка или инпланти, важно е да употребувате специјални мали четки за потемелно чистење.
Неопходно е да го посетувате заболекарот на секои 6 месеци за проверка и професионално чистење. Дури и ако правилно ги миете забите, секогаш постојат тешко достапни места.
Менувајте ја четката за заби на секои 2-3 месеци. Исто така заменувајте ја четката со нова по секое професионално чистење. Покрај тоа неопходно е да ја промените четката откако сте имале настинка или бронхитис. Кога станува збор за електрична четка за заби, може да биде одлична мотивација за редовно миење. Но, сосема доволна е и обична четка бидејќи исто ја завршува работата.
4. Како да одберете паста за заби?


Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите
Најважното нешто кога се мијат забите е да ја употребите правилната техника. Ако ги миете забите само 30 секунди, тогаш ни најскапата паста нема да ви биде од помош. Ако немате никакви проблеми со забите како преголема чувствителност, крвавење на непцето и слично, можете да користите каква било паста освен абразивна. Ако постои одреден проблем, најдобро е да се консултирате со заболекарот.
Исто така обрнете внимание на концентрацијата на флуор во водата во вашиот регион. Оптимално е 0,7 – 1,2 милиграма во литар. Ако овие броеви се помали, тогаш употребувајте паста со флуор. Флуорот е единствената супстанца што може да ја спречи појавата на кариес, а ова е потврдено со многу истражувања. Истовремено можеби сте слушнале за тоа дека флуорот е опасен. Овој елемент може да биде отровен, но тоа зависи само од концентрацијата, како и сите други лекови.

5. Како да ги избелите забите?
Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите
Постои нешто што е наречено RDA (Relative Dentin Abrasivity) – релативна забна абразивност. Вредноста може да биде од 0 до 220. Ако пастата за заби е за избелување, RDA ќе биде над 70 што значи дека во неа има многу абразивни честички. Ова е како шмиргла за вашите заби и поради тоа не би требало често да ги употребувате овие пасти. Ако немате чувствителни заби или други проблеми, тогаш периодично употребувајте паста со повисока RDA.
За чувствителни заби најдобро е да изберете паста со најниска RDA вредност (околу 20-40). Имајте на ум дека избелувањето на забите е поради отстранување на талог од чај, кафе и тутун. Природните заби имаат малку жолта нијанса и избелувањето од неколку нијанси е можно само кај заболекар.
6. Што се фисури и зошто треба да се залеваат?
Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите
Фисурите се природни вдлабнатини на моларите, забите за џвакање. Нивната форма е совршена за во нив да се заглават честички храна. Поради ова овде најчесто се појавува кариес. За да ја спречите неговата појава, можете да ги залеете фисурите. Оваа процедура вклучува чистење, отворање и полнење на забот со посебна супстанца. Како резултат бактериите нема да можат да се заглавуваат и размножуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.