Вучиќ обвини – Приштина ги прекрши договорите

На синоќешната вонредна прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини властите во Приштина дека со посетата на косовскиот претседател Хашим Тачи на езерото Газивода ги прекршиле Бриселскиот и Кумановскиот договор, како и Резолуцијата 1244 на ОН.  Вучиќ ги повика косовските Срби на воздржаност и додаде дека дијалогот со Приштина мора да продолжи.

Тој, исто така, истакна дека според договорот со НАТО во северниот дел на Косово, каде што мнозинството од населението се Срби полициски сили може да влезат само во договор со НАТО и со согласност на локалните власти во оваа област. Вучиќ нагласи дека не му е познато дали НАТО им дозволил на специјалните полициски сили да влезат во областа, но дека претставници на локалните власти тоа не го дозволиле.
Според него, вчера на северот на Косово биле присутни помеѓу 110 и 130 вооружени припадници на специјалните косовски полициски сили. Тие нема што да бараат на северот на Косово и Метохија со „долги цевки“, рече Вучиќ.
Тој потврди дека му издал наредба на началникот на Генералштабот на Војската на Србија, армијата да биде во состојба на највисока борбена готовност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.