Од мобилни регистрирани на СДСМ се праќаат пораки на вмровци да излезат?

Во моментов се случува скандал, открива Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата прес-конференција, ја пренесуваме во целост: Во текот на вчерашниот и денешниот ден се испраќаат и смс пораки од телефонскиот број 071/290-116. Јавното обвинителство мора уште веднаш да постапи и да утврди кој го поседува и бројот 075/232-352 од каде се јавувале и да извади листинг каде се биле испраќани пораки и кај кого се била вршена агитацијата. Постојат сериозни сомнежи за сторено кривично дело по член 160 од КЗ „Повреда на слобода на определување на избирачите“ за кое што е запишана казна затвор во времетраење од најмалку 3 години. Почитувани, СДСМ и криминалниот картел на власт телефонски присилува луѓе на гласање со закани и уцени. Во време на молк преку организирани телефонски, Кол-центри, се врши притисок врз граѓани и им се даваат насоки како да постапат. Ова е класична злоупотреба на нивното гласачко право. СДСМ е до толку очаен што дури и лажно се претставуваат и даваат насоки и на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ во име на ВМРО-ДПМНЕ. Од непознати телефонски броеви се пушта СМС порака до членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање на овој референдум, и истото се прави од име на ВМРО-ДПМНЕ. Дека наводно бил постигнат некаков наводен договор и дека партијата бара членовите да гласаат на референдумот. Ова не е насока на партијата ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што е веќе познато партијата има став секој член да одлучи сам по сопствено убедување како ќе постапи во однос на референдумот и капитулантскиот договор.
Ова преставува незаконско агитирање во време на изборен молк и кривично дело лажно преставување. Според нашите неформални информации телефонските броеви од каде се пуштаат ваквите СМС пораки се регистрирани на адресата на штабот на СДСМ на Бихакќа, поточно на „Павел Шатев“. МВР е должно да го даде точниот одговор. Почитувани, на организиран начин, во време на изборен молк од кол центар на СДСМ луѓе активисти на оваа партија контактираат граѓани и бараат истите да излезат на гласање. Значи имаме злосторничко здружување со цел незаконско агитирање во време на изборен молк.
Почитувани Власта предводена од СДСМ денеска доживува дебакл на своите политики. Свесни дека нема да помине овој штетен и капитулантски договор, власта прибегнува кон очајни методи. Власта предводена од Зоран Заев доживува дебакл и го покажува своето вистинско лице. Тоа е криминално, злосторничко лице. Ова ли се европските вредности за кои Заев се залага? Вака ли сакаат да го протнат капитулантскиот договор, со манипулации и кривични дела? Целата немоќ на власта пука, а до израз доаѓа волјата на народот. Заев мора да ги тргне рацете од народот, и да остави слободно и по сопствено убедување да одлучи како да постапи? Ниту еден притисок, ниту една закана нема да помине. Народот одлучува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.