Западот ја вовлекува Македонија во НАТО

На редовниот неделен брифинг во Москва портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името.
поред пренесот на ТАСС, Захарова изјавила дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО“.
Оваа реакцијата на Захарова следи по вчерашната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Алијансата ќе ја прими Македонија во своите редови на почетокот на 2019, што според неа е недозволено, бидејќи „првата одлука треба да ја направат Парламентите на Македонија и Грција“.
Позицијата на Русија, смета Захарова, останува принципиелна и непроменета-долгорочно решение за проблемот може да најдат самите земји, без мешање и притисоци од надвор, бидејќи се покажа дека тоа не функционира.
– Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи, тогаш не смееме да агитираме „за“ и „против“, доколку зборуваме за референдуми. Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи и почитување на законот, вклучувајќи ги и меѓународните, тогаш првиот човек на еден блок од држави не смее да говори за одлука што треба да ја донесе парламентот на една земја, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.
Таа уште додала  дека е изненадена од наодите на комисијата на ОБСЕ, што го следеа одржувањето на референдум во Македонија, пренесе “Спутник“.
-Големата пропагандна кампања на Западот се претставува на позитивен начин. Тоа не е само нормално, тоа е, исто така, и плус. Што ќе се случеше доколку Москва ги повикаше Македонците да гласаат? Тоа веднаш ќе се сфатеше како мешање во внатрешни работи. Ова не се само двојни стандарди, туку злоупотреба на социјални правила и норми, додаде Захарова.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.