Тренерот на кошаркарите на белградски Партизан, Душко Вујошевиќ доби суспензија од три натпревари, поради инцидентот кој го предизвика на мечот со Задар.
Поради втората техничка грешка, Вујошевиќ беше исклучен во третата четвртина, откако влезе во вербална расправија со судиите. Партизан без Вујошевиќ на клупата ќе ги одигра натпреварите со Крка, Цибона и Широки.
Партизан во касата на АБА лигата ќе мора депонира 6.600 евра.
Покрај Вујошевиќ, казни заработија и судиите кои ја делеа правдата на споменатиот натпревар – Војиновиќ како прв судија е суспендиран на два, а преостанатите двајца судии на еден натпревар, додека делегатот Бубало доби три натпревари суспензија.
Партизан мечот со Задар, одигран во рамките на првото коло во АБА лигата го доби со 81:74.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: