Оскарите со нешто ново за 2013

За прв пат оваа година, Филмската Академија на Холивуд изненади со новина во изборот на домаќин. Оваа година нема да го сретнете Били Кристал иако е синоним доделувањето на Оскарите. Во последните неколку години, се забележува тренд на ‘дебитанти’во улогата на водители на оваа престижна церемонија. Ги сретнавме Хју Џекмен и Ен Хатавеј, кои достојно се носеа со оваа улога. 

Оваа година за 85тото издание на Оскари, за водител е избран Сет МекФарлан, кој е познат како во областа на телевизијата, филмот така и музиката. Академијата го направила овој избор за да ја привлече и помладата публика, која полека го губи интересот за оваа манифестација. Младиот Сет МекФарлан често се појавува во јавноста, и дава впечаток на човек со впечатлива смисла за хумор. 

МекФарлан е редок мултиталент, тој е актер, аниматор, сценарист, комедијант, продуцент, режисер и пеач. Најдобро е познат како креатор на познатата серија  Family Guy (1999-до денес), како еден од креаторите на American Dad (2005-до денес) и  The Cleveland Show (2009-до денес). Сите овие шоуа се познати и надвор од САД и токму тоа би помогнало со гледаноста на Оскарите на интернационално ниво. МекФарлан ќе биде домаќин на 85тата церемонија на доделување на Оскарите која ќе се оддржи на 24 февруари 2013 година во Dolby Theatre (новото име на Kodak Theatre).

 

Пронајдете не на следниве мрежи: