Премиерот Зоран Заев е подготвен низ дијалог со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да најде решение за состојбата во која се наоѓа Р.Македонија.
Одговарајќи му на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој предложи лидерите на двете најголеми македонски партии да седнат на маса и да донесат решение за иднината на државата, од собраниската говорница Заев појасни дека името на државата не се менува, туку само се дополнува, пренесува Пресинг ТВ од продолжението на пленарната седница во Собранието.
– Граѓаните на парламентарни избори го предаваат својот легитимитет на пратенциите за тие да носат одлуки. За прашањето за името и договорот од Грција одлучивме да го вратиме легитимитетот и да го прашавме нашиот народ. Граѓаните што одлучија, излегоа на референдум, а оние кои не сакаа да одлучат, останаа дома. Македонија мора понатаму да донесе одлука, рече Заев.