Пилоти и стјуардеси откриваат мрачни тајни кои авиокомпаниите не сакаат да ги знаете

1. Постои причини зошто екипажот бара од Вас да побрзате да седнете на Вашите места
Овде не се работи за тоа дека авионот треба да тргне на време, туку екипажот има една лична причина.
“Нашата саатница започнува да се смета дури кога сите ќе се сместат на седиштата и кога авионот ќе полета. Во случај на доцнење, бидете сигурни дека и ние сме еднакво лути”, рекла една стјуардеса за Yahoo Travel.
2. Не сакате да имате секс во тоалет
Причините за тоа не се само правилата за однесување, туку и фактот дека тоалетите во авионите се многу валкани.


“Никогаш не влегувајте боси и никако немојте да имате секс. Тоалетите во авионите се чистат дури на крајот од летото, а летовите се навистина долги. Замислете колку бактерии има со оглед на тоа дека ги користеле 200 луѓе”.
3. Авионите не се најчистите места на светот
“Доколку сте на краток лет со себе понесете марамици за дезинфекција. Во поголемите авиокомпании авионите со краток лет веднаш се враќаат назад, што значи нема време за чистење. Само го собираат отпадот и ги пречекуваат патниците”.
4. Маските ќе Ве снабдат со кислород на само 15 минути
Ако се случи најлошото, маските со кислород во авионот можат да Ве осигураат со 10 до 15 минути воздух, но немојте да паничите, бидејќи тоа време на пилотите им е сосема доволно за авионот да го спуштат доволно ниско за да се изедначи надворешниот со внатрешниот притисок.

5. Немојте да ги користите прекривките и перниците во авионот
Иако за време на долгите летови ќе побарате перница за да поспиете екипажот тоа никако не го препорачува, бидејќи речиси никогаш не се перат.
“Запрашајте се колку луѓе спиеле или се покриле со тие прекривки и колку пати кивнале во нив”, советува една стјуардеса.
6. Вратата на тоалетот може да се отклучи од надворешната страна
Можеби мислите дека во авионските тоалети имате комплетна приватност, но вратата во било кој момент може лесно да се отклучи. Сепак, таа опција постои поради безбедносни причини.
7. Не порачувајте топли пијалаци во авион
“Никогаш немојте да пиете кафе или чај. Водата со која се прават доаѓа од системот кој се наоѓа покрај тоалетот. Водата најчесто паѓа на тестот за бактеријата Ешерихија коли”, тврди еден пилот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.