5-те најголеми мани на хороскопските знаци

Пет карактеристики на секој од хороскопските знаци кои со сигурност ќе ве натераат да се чувствувате како да сте во пеколот. Множеството на сите пет карактеристики се ноќна мора за секоја врска, па искрено се надеваме дека вашата друга половина ги нема, барем не сите негативни карактеристики. Кој од знаците ќе полуди доколку му направите неред во станот, кој ќе флертува со вашиот/ата пријател/ка ќе дознаете во следниот прилог:

ОВЕН

Личностите родени во овој знак се препознатливи по својата импулсивна природа! Би било добро доколку поработат на контрола и ублажување на моментите поттикнати од нивната неконтролирана лутина и бес.

Да се биде во врска со личност припадник на знакот овен значи да бидете во врска со незрела и наивна особа, па затоа понекогаш ќе го имате чувството како да си имате работа со тинејџер наместо со зрела личност.

Сакаат да истражуваат и се впуштаат во откривање на нови работи, но не секогаш може да очекувате дека ќе ги довршат до крај, бидејќи во меѓувреме нивното внимание може да биде насочено кон нешто сосема друго.

Имаат големи проблеми со трпението.

Важат за себични личности со ограничени сфаќања на работите, па затоа немојте и да се чудите доколку не го разбираат вашиот поглед на работите.

БИК

Биковите се општо познати по својата тврдоглавост, па затоа и немојте да очекувате доколку навлезете во конфликт со личност припадник на овој знак дека ќе бидете вие оние кои ќе бидат во право. Тие едноставно не попуштаат.

Им посакуваме среќа на сите оние кои се дел од животот на овој знак, во поделба на задачите во едно домаќинство и заедница, тие едноставно ќе се сместат на креветот посматрајќи како вие чистите и работите.

Нивните потреби секогаш ќе бидат поважни од вашите.

Ужасно незаинтересирани.

Припадниците на овој знак се ретко емотивно отворени, па затоа и не очекувајте дека со вас ќе ја делат секоја грижа која што ќе ја имаат. 

БЛИЗНАЦИ

Близнаци или еден од низата хороскопски знаци што ја поседува една од полошите карактеристики, несигурност.

Секој изминат ден со нив е предизвик бидејќи никогаш нема да знаете покрај која ’’личност’’ ќе се разбудите.

Познати се по постојаното зборење, и ветувања, но никогаш не и со дела на веќе кажаните нешта.

Брзо се заситуваат од нештата што ги опкружуваат, па затоа и вие не би биле исклучок.

Да живеете со личност припдник/чка на зодијачкиот знак близнаци значи да живеете со остатоците од нивните проекти и идеи.

РАК

Нивните промени на расположението се исцрпувачки.

Раковите имаат тенденција да навредуваат, но не и да ја превземат одговорноста за последиците од веќе кажаните навреди.

Нападни се и зависни.

Нека не бидете изненадени доколку веќе на вториот состанок добиете предлог за брак.

Животот со раковите може да ви биде прилично досаден. Всушност, многу тешко би било воопшто да ги натерате да одите во некој ресторан заедно или на некое авнтуристичко патување.

ЛАВ

Со нив никогаш нема да ја осетите вистинската сигурност во врската, бидејќи тие секогаш се склони да флертуваат со секого во било кое време, било каде.

Никогаш нема да ве сакаат повеќе од колку што се сакаат себе си.

Личностите припадници на овој знак никогаш нема да признаат дека не се во право.

Степенот на нивната ароганција ги надминува сите граници на толеранција.

Секогаш мора да се во центарот на вниманието, па затоа и вашата појава покрај нив ќе биде секогаш во сенка.

ДЕВИЦА

Склони се постојано да осудуваат и претерано да критикуваат.

Заедничкиот живот со девица значи да секогаш она ќе биде таа која ќе го прави првиот чекор.

Се чини дека несигурноста им е вродена, што на ниеден безмалку било каков начин не е секси.

Превртливи се.

И секако нешто по што се најмногу познати, девицата и нејзината неизмерна склоност кон подредување на работите под конец како и се во секое време да биде чисто и уредно наместено. Пожелно е да не се доведете во било каква ситуација, како на пример шољата од која сте го пиеле вашето кафе да ја оставите неизмиена, бидејќи она секако ќе се погрижи овој несовесен потег од ваша страна да не го заборавите во следните неколку месеци.

ВАГА

Никогаш нема да знаете што мислат, бидејќи секогаш ќе ви го кажат она сто мислат дека сакате да го слушнете.

Нивното донесување на одлуки може да трае со часови.

Пазете се. Личностите припадници на овој знак во секој момент може да ви го свртат грбот без притоа да ве предупредат.

Опседнати се со својата физичка убавина.

Имаат недостаток на волја, и припадниците на овој знак навистина може да бидат сместени во категоријата плачковци.

ШКОРПИЈА

Љубоморната шкорпија е веќе надалеку добро позната.

Никогаш нема да знаете што навистина чувствуваат, бидејќи се едни од ретките знаци со можноста да манипулираат со своите, но и емоциите на останатите.

Спремни се да ве остават и повредат како никој досега.

Личностите водени од зодијачкиот знак шкорпија го поседуваат епитетот на добри измамници и се прилично таинствени.

Конфликтите со нив, редовно прераснуваат во вистински драми.

СТРЕЛЕЦ

Во низата на сите зодијачки останати знаци важат и се носат со епитетот на најлоши слушатели. Од нивна страна секогаш ќе бидете гледани на еден понаков начин или височина, они ќе бидат оние кои секогаш ќе бидат над вас.

Забавата е единственото нешто што им е постојано во мислите, и доколку би ја снемало бидете подготвени на постојано жалење и плачење.

Они знаат апсолутно се, па затоа ви посакуваме среќа во обидот да ги научите нешто ново.

Изразено се доминантни и склони кон особината да контролираат се.

Често се без осет за туѓите чувства.

ЈАРЕЦ

Нивниот приоритет е работата, и тоа јасно ќе ви го дадат до знаење.

Два збора: контрол фрик!

Се што прават го прават исклучиво за себе, и воопшто не се загрижени од фактот дали би ве повредиле со некоја постапка притоа.

Сакаат рутина во работите што ги прават, па затоа и врската со нив би била прилично досадна.

Затворени се, криејќи се позади нивните ѕидови, па затоа и ви посакуваме среќа во пробивањето на истите!

ВОДОЛИЈА

Водолиите својот живот често го живеат во ’’своите глави’’ па затоа и често изгледаат отсутно.

Тие секогаш знаат што е најдобро, па затоа и врската со нив би била како некое следење на веќе дадени инструкции.

Состанок со овој знак би била навистина голема реткост, бидејќи тие повеќе од било што го сакаат своето друштво.

Склони се кон донесување на одлуки и заклучоци однапред како и кон осуди и предрасуди.

Секогаш ќе знаете што мислат, но не и што чувствуваат.

РИБИ

Рибите и нивната постојана потреба од многу простор.

Ретко ќе може да ги убедите за било што, но и доколку успеете, ќе им биде потребна цела вечност да го завршат она нешто што го започнале.

Ретко знаат што навистина сакаат од својот живот.

Они се тие кои ќе ги жртвуваат своите потреби и емоции за да врската биде со највисок квалитет, но подоцна и за постапките направени од нивна страна без потеба ќе ви замерат на начин да се чувствувате виновно.

Секоја наредна врска ја идеализираат, па затоа и од вас ќе биде очекувано да ги исполните нивните фантазии и замисли за идеален/на партнер/ка.

Пронајдете не на следниве мрежи: