четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се излекувал од леукемија, па добил на лото

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 19 годишниот Николас Рут му била дијагностицирана леукемија уште во 2005 година. Но веќе четири години е излекуван, а на лотарија неодамна освоил 250 илјади долари.

Рут тврди дека упорното уплатување на ливчиња на крајот му се исплатело бидејќи секој петок купувал Мега милионс ливчиња во дуќанот во близина каде што работел.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Иако не станува збор за џек пот(погодил пет од шест бројки), Ник се чувствува како победник. ЗА жал, данокот „ќе му изеде“ дел од паричната награда, по што ќе му останат 165 илјади долари. И покрај тоа, Ник смета дека парите му се доволни.

Од освоената сума има намера да го отплати автомобилот, дел од парите да остави на страна за да може подоцна да купи куќа, а дел од парите ќе ги донира на организациите што му помагале кога бил болен.

Макфакс

Поврзани вести