Ако уште од сега го планирате својот зимски одмор и каде да отпатувате за Новата Година и божиќните празници и сакате да се релаксирате на ниски температури и снег, се надеваме дека следниве слики и коментари ќе ви помогнат при изборот.
1, Инсбург, Австрија
Овој универзитетски град, со нешто повеќе од 100,000 жители, се наоѓа во тесна долина, помеѓу високи планини. Инсбург има долга историја, прекрасни музеи, галерии и историски споменици, но истовремено добри барови, ресторани, продавници и клубови. Градот е познат по тоа што беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1964 и 1976 година.
2, Хараков, Чешка
Хараков е Чешкиот центар на зимски спортови и рекреација. Изобилува со ски и сноубординг патеки, како и можности за крос кантри скијање. Во Хараков не смее да се пропуштат музеите, посебно стаклениот и спортскиот музеј.
3, Сент Морис, Швајцарија
Сместен на надморска височина од оклолу 2,000 метри, Сент Морис важи за едно од најмонденските места за поминување на зимскиот одмор. Тој нуди одлична забава и прекрасни стази за скијање со што ги привлеклува и луѓето од шоу-бизнисот. Исто така, изобилува со различни третмани за опуштање, разубавување, салони за масажи, терапии, сауни и велнес програми.
4, Шамони, Франција
Шамони е најпознатиот и најпосетуваниот ски центар на оваа земја и се наоѓа во источна Франција. Шамони важи за луксузна туристичка дестинација, а оваа репутација ја добил уште во далечната 1924 година, кога бил избран, од страна на Олимпискиот комитет, за место во кое ќе се одржуваат Интернационални недели на спортот кои подоцна прераснаа во Зимски олимписки игри. Во овој ски центар се наоѓаат 170 километри долги ски патеки и 40 килиметри долги патеки за сноубординг. За да стигнете до овие патеки имате на избор 49 жичари, а најдобро време за посета на ова место се вториот и третиот месец во годината.
5, Коурмајер, Италија
Коурмајер, лоциран на Мон Блан, на околу 200 км од Милано, е најпознатата италијанска зимска дестинација. Изобилува со одлични ски стази и жичари, но и со завиден ноќен живот. Во Коурмајер се наоѓаат голем број на барови и ресторани во кои може да се ужива на секаква музика, со секаква храна и пијалок.
Пронајдете не на следниве мрежи: