Дали станува збор за втор состанок или врска која трае со години, не е толку важно, затоа што секогаш ќе има работи кои ги прават мажите, што се едноставно неприфатливи за женската популација.
1, Допирање на интимните делови во јавност
При секое допирање на вашата интимата во јавност, вашата партнерка се засрамува, или уште подобро кажано, се срами од вас. Според неа тоа не е нешто што треба да се прави “на улица”, додека за вас е вообичаен дел од секојдневната невербална комуникација.
2, Подригнување во јавност
Ова е уште една од работите кои навистина не требате да ги правите во јавноста и меѓу луѓе, доколку не сакате повторно партнерката да ви објаснува зошто ви е лута.
3, Нервоза и бес во сообраќајот
Сите знаеме дека ситуацијата со сообраќајот во градов не е на завидно ниво. Сепак, вашата партнерка би ценела кога вашиот бес, посебно по завршување на работниот ден, се сведе на минимум и кога вашите предрасуди за жените како лоши возачи полека исчезнат.
4, Вулгарен пристап кон жените
Верувајте дека никогаш нема да шармирате жена со пцовки, омаловажување на некој друг или пак со вулгарност. Тие трикови не палат никогаш, жените едноставно не сакаат такво однесување.
5, Нарцис во кревет
Не постои ништо поодбивно за жена, од маж кој има преголема самодоверба и верува дека е најдобар во кревет. Никој не сака такви нарциси, ни во кревет ни надвор од него.
Пронајдете не на следниве мрежи: